Десертите имаат неверојатна моќ: Да ве развеселат дури и во најлошиот ден, кога ништо не ви оди по планот. Особено супер е, доколку веќе имате нешто вкусно во домот, па така ќе го заштедите патот до продавница.

За денес ви откриваме рецепт како да приготвите неодолив десерт на најбрз и на најлесен начин. Станува збор за чоколаден ролат, за кој ќе немате потреба ниту да ја вклучувате рерната.

Брз и лесен чоколаден ролат

Потребни состојки

  • 300 гр чоколадни бисквити
  • 110 мл млеко
  • 50 гр темна чоколада
  • 100 гр путер
  • 200 гр маскарпоне
  • 150 гр шеќер во прав

Начин на подготовка

Сомелете ги чоколадните бисквити и потопете ги во 80 мл млеко. Следно, растопете ја чоколадата на водена пареа и измешајте добро.

Во длабок сад, додадете го омекнатиот путер, шеќерот и маскарпонето и 30 мл млеко. Измешајте ги добро состојките, додека не добиете мазна смеса, без меурчиња.

На работната површина, поставете фолија, а врз истата поставете ги бисквитите, покријате одозгора повторно со фолија и користејќи сукало, бисквитите претворете ги во мазен правоаголен слој.

Следно, отстранете ја фолијата и премачкајте го бисквитниот слој со претходно добиениот фил. Складирајте го направениот десерт обвиткан во фолија, во ладилникот да отстои 5 часа.

По 5 часа, извадете го десертот од ладилникот, внимателно отстранете ја фолијата и декорирајте ја неговата површина по ваша желба.

Пријатен апетит!