Младешкото лице е резултат на широк спектар од здрави и добри навики, како и редовна грижа и нега за надворешниот изглед, што вклучува активен начин на живот и правилна исхрана.

Надвиснатата кожа на лицето, вратот и деколтето се естетски проблем, кој предизвикува предвремена појава на брчки и губење на еластичноста на кожата.

Токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме 3-те најдобри домашни решенија, чија ефикасност е испорбана и докажана од многу дами ширум светот.

Белка за беспрекорна подмладена кожа

Поради нејзината богата содржина на аминокиселини, витамини и минерали, белката е клучна компонента за регенерирање на кожата. Благодарение на нејзините хидролипиди, таа длабоко ја потхранува кожата.

Едноставно измешајте 1 белка со 1 супена лажица кисело млеко. Добиената смеса нанесете ја на лицето, вратот и деколтетот и оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.