Летото е сезоната во која сите се трудиме да изгледаме најдобро, особено за на плажа, но тука е вагата која може да нè разочара, и покрај тоа што сме вложиле огромен труд во применување разни диети.

Сите знаеме дека најдобриот начин за да се ослободиме од вишокот килограми кој ни оди на нерви, е да го забрзаме метаболизамот.

Доколку веќе подолго време се обидувате да пронајдете природен начин на кој тоа ќе го постигнете, ние го имаме идеалното решение за вас!

Пригответе го овој магичен безалкохолен напиток со својства за детоксикација и притоа уживајте во неговиот енергичен вкус.

Станува збор за вода зачинета со јаболко и вода, која содржи помалку од 10 калории, а која ќе ви помогне на едноставен начин и за само една недела да постигнете чудо и телесна трансформација.

Резултатите кои може да ги очекувате по консумирањето на овој моќен напиток се значителна загуба на килограмите и огромен прилив на енергија.

Јаболкова вода со цимет за слабеење

Потребни состојки

  • 1 јаболко, тенко насечено
  • 1 стапче цимет
  • Лед
  • Студена вода
  • Голем бокал

Начин на подготовка

Поставете ги парчињата јаболко на дното од бокалот, а веднаш потоа додадете го и циметот. До половина од садот, додадете лед, а на крај наполнете со вода. Треба да имате во предвид дека оваа вкусна вода има специфичен вкус, кој доколку сакате да го зајакнете, може да додадете повеќе јаболка.

Се препорачува да консумирате по 1 чаша пред секој оброк, а бокалот со зачинетата вода складирајте го во ладилникот. Притоа напитокот најмногу може да се чува до 3 дена.