Бронхитит е состојба при која доаѓа до воспаление на бронхите, што пак го отежнува навлегувањето на воздух во белите дробови. Ова може да резултира со постојана кашлица, што пак може да биде навистина здодевен проблем.

За таа цел, токму бидејќи се наоѓаме во сезоната на настинките и грипот, денес ви претставуваме рецепт за најдоброто домашно средство против кашлица и брохнит, кое притоа е и неверојатно вкусно.

Домашно средство против кашлица и бронхит

Потребни состојки

  • 2 зрели банани
  • 2 супени лажици мед
  • 400 мл вода

Начин на подготовка

Излушете ги бананите и користејќи лажица, изгмечете ги бананите, додека да добиете рамномерна текстура. Потоа додадете врела вода и добро измешајте ги состојките.

Оставете ја добиената смеса да отстои малку, додека да се излади, а потоа додаде го и медот. Покријте го садот и така оставете ја смесата да отстои 30 минути.

Начин на употреба

Консумирајте по 100 мл од домашниот лек, 4 пати дневно. Се препорачува лекот пред употреба да го затоплите.