Доколку сте обожавател на домашните производи и претпочитате да ги правите работите на свој и природен начин, тогаш следниот рецепт за јаболков оцет мора да го пробате!

Како да приготвите домашен јаболков оцет?

Потребни состојки

  • Јаболка
  • Шеќер
  • Вода

Начин на подготовка

Изберете многу зрели (дури прекумерено) или речиси гнили јаболка. Најдобро би било тоа да бидат јаболка од вашата сопствена градина, кои не се прскани со никакви хемикалии.

Следно, добро измијте ги јаболката и исечете ги на многу ситни парчиња или пак, сомелете ги.

Поставете ја целата смеса во емајлирано тенџере и додадете 50 грама шеќер за 1 килограм слатки јаболка. Доколку јаболката се кисели, додадете 100 грама шеќер.

Потоа исипете многу топла, но не врела вода.

Водата треба да достигне над 3-4 центиметри над нивото на јаболката. Поставете го садот на топло место, но не го изложувајте на сончеви зраци. Периодично, односно 2 пати на ден, промешувајте ја смесата.

По 2 недели, прецедете ја течноста преку парче газа, пресвиткана на 2-3 слоеви и исипете ја смесата во големи тегли за ферментација, но при врвот треба да останат 5-7 центиметри слободен простор.

Оставете ја течноста да отстои уште 2 недели, а потоа, вашиот домашен јаболков оцет ќе биде готов!

Внимателно исипете го готовиот оцет во шишиња, без да го дадавате и талогот на крајот од теглата. Добро затворете ги шишињата и складирајте ги на темно место, со собна температура.