Иако летото и отворените сандали се веќе зад нас, сепак не треба да заборавиме на негата на стапалата и во зимскиот период, бидејќи грубата кожа не само што изгледа непријатно, истата може да ви донесе и неудобност при чекорењето.

За таа цел денес ви го претставуваме најдоброто природно решение со кое ефикасно ќе го решите овој проблем.

Домашна маска за кадифено меки пети

Потребни состојки

  • Половина зрела банана
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Добро изгмечете ја бананата со помош на вилушка, до добивање на паста. Во истатата додадете една кафена лажица мед, измешајте добро, а потоа нанесете ја добиената смеса на измиени нозе. Обратете посебно внимание на петите т.е тие да бидат добро покриени со смесата, затоа што токму таму кожата е најгруба. Завиткајте ги намачканите стапала во проѕирна фолија и оставете ја маската да дејствува најмалку 10 минути.

Кога ќе ја отстраните фолијата, добро измијте ги нозете, а потоа употребете и пемза. За кратко ќе забележите дека грубата кожа се елиминира многу побрзо и дека стапалата се многу помеки.

Преостанатата половина од бананата можете да ја употребите за подготовка на домашна маска за лице или пак едноставно, да ја изедете.