Природните маски се секогаш подобар избор од купечките. Наместо да трошите пари на скапи креми, направете ја сами оваа маска и гледајте како исчезнуваат дури и најдлабоките брчки и се случуваат позитивни промени на кожата со нејзино редовно користење.

Маската се прави неверојатно лесно и веднаш пред самата употреба, а за подготовка ќе ви требаат само 2 состојки: Измешајте 2 лажици јогурт и 1 лажица сок од лимон додека да добиете хомогена смеса. Ако е премногу ретко, додадете уште една лажица јогурт.

Потоа нанесете ја маската на претходно исчистеното лице и оставете ја да дејствува 20 до 30 минути. За време на сушењето, ќе почувствувате како кожата на лицето малку се затегнува. На крај, исплакнете ја маската со млака вода и потоа нанесете крема за лице.

Употребувајте маската 2 пати неделно, за побрзо да ги добиете посакуваните резултати.