Ѓумбирот е извор на многу моќни својства, кои се исклучително корисни за нашето здравје. Денес ви откриваме како истиот може да ви помогне за вашата коса да добие раскошен и волуменозен изглед.

Домашна маска од ѓумбир за раст на косата

Потребни состојки

  • 4 цм корен од ѓумбир
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица зејтин

Начин на подготовка

Ситно изрендајте го ѓумбирот.

Потоа измешајте го истиот со медот и зејтинот.

Добиената маска рамномерно нанесете ја врз вашиот скалп и масирајте. Следно, завиткајте ја вашата коса во капа за туширање или најлонска ќеса и оставете ја маската да дејствува 40 минути, а на крај измијте ја косата на вообичаениот начин.