Изборот на шминка денес изгледа бесконечен. Но, додека некои нијанси ги истакнуваат нашите најдобри особини, други не Ви дозволуваат да блеснете. Таквите работи зависат од видот на изгледот: Вашиот тен, коса и боја на очите. Одберете кои карактеристики од овие девојки најмногу се однесуваат на Вас и определете во кој тип спаѓате и како треба да изгледа Вашата идеална шминка.

„Летниот“ тип

„Летната“ девојка има ладен и мазен изглед со мирни и аристократски карактеристики. Ладни и потиснати тонови се нејзината најдобра опција, додека меките топли нијанси, како што се праска, треба да се користат само како додаток.

Тен на кожата

За летните девојки најдобри се беж тоновите на течна пудра а не розевите.

Веѓи

Веѓите сѐ уште изгледаат подобро со ладни нијанси. Ние користевме студена кафеава боја.

Руж и шминка за очи

За разлика од пудрата ставете сјаен руж за да се потенцира свеж и здрав изглед на кожата.

Усни

Ставете силен и богат кармин кој одлично ќе оди со нежно нашминканите очи.

„Пролетен“ тип

„Пролетната“ девојка најчесто има нежен и светол тен, понекогаш со малку пеги.

Тен на кожата

Топла беж нијанса на пудра е одлична за „пролетната девојка“.

Веѓи

Топли и меки нијанси на веѓите се многу подобри за „пролетната“ девојка, додека студените нијанси изгледаат премногу груби на лицето.

Руж и шминка за очи

Ладните розови нијанси ја прават кожата изгледа болно црвена, така што нијансите на праска се подобри. Златно-кафеавите бои исто така одлично се вклопуваат.

Усни

Топлата црвена боја, ја прави „пролетната“ девојка да блеска од свежина.

„Есенски“ тип

„Есенската“ девојка има топол изглед кој е полн со контрасти.

Тон на кожата

Топла беж нијанса е одлична подлога за нејзиното лице.

Веѓи

Топли нијанси на веѓи одговараат најдобро со тенот и бојата на косата на ваква девојка.

Руж и шминка за очи

За руж најдобра е розева боја. Речиси сите сенки одговараат на кафени очи. Тука имаме топли и длабоки тонови

Усни

Розевите нијанси не одговараат на „есенската“ девојка, најдобро изгледаат темните богати нијанси како што е овој црвен-вино кармин.

„Зимскиот“ тип

Изгледот на зимската девојка се состои од светол тен, темна коса, светли очи. Овој тип најдобро одговара на ладните нијанси.

Тен на кожа

Течната подлога за овие девојки треба да биде некоја ладна и светла нијанса.

Веѓи

Топлите тонови се за „топлите“ девојки. За „зимската“ девојка веѓите треба да бидат потемни и експресивни.

Руж и шминка за очи

Ладна виолетова сенка и розов руж се одлични за „зимските“ девојки.

Усни

Светла нијанса на кармин е одлична за нежната „зимска“ девојка.