Првата игра на фудбалската сезона во Иранската лига започна неодамна, при што двајца тимови од среден ранг покажаа неверојатен натпревар на стадионот Ватани во Каем Шар, мал провинциски град во северен Иран. Кому му е гајле нели?

Па, излегува дека на овој натпревар се случило нешто извонредно. Ова бил првиот фудбалски натпревар во Иран, одигран од страна на мажи, кој бил покриен од страна на женски новинар-фотограф.

Како таа го направила тоа? Париса Портахериан сака спорт, а особено фудбалот, и сонувала да фотографира професионален натпревар. Меѓутоа, поради забраната на стадионот за жени, која се применува од 1981 година, кога било одлучено дека жените не треба да гледаат игра во која мажите носат шорцеви, Париса не можела да им се придружи на нејзините машки колеги на стадионите низ целата земја за да ја фотографира акцијата .

Но, таа сега одлучила да ги земе работите во свои раце. Пристигнувајќи на стадионот Ватани три часа пред натпреварот, таа почнала да бара сопственици на згради во близина, да и дозволат да се каќи на покривот за да добие добра позиција.

Конечно, кога натпреварот веќе започнал, таа доби дозвола на погодна локација. Вооружена со огромен објектив, Париса успеала да направи квалитетни слики од натпреварот, да заврши професионална работа додека уредно ги заобиколува контроверзните правила.

Нејзините колеги од стадионот ја забележале Париса и успеале да ја фотографираат. Еве како изгледале фотографиите кои ги направила Париса од натпреварот: