Козметичката индустрија навистина знае како да ги примами клиентите со нови производи. Додека некои од нив нудат иновативни решенија за секојдневните проблеми поврзани со  убавината и прават видлива разлика, други се сосема бескорисни.

За жал, невозможно е да знаете дали производот е квалитете, пред да го купите и испробате, но генерално, постојат три козметички производи кои навистина немаат друга цел освен да ги потрошат вашите пари:

1. Антицелулитни креми

Би било прекрасно кога една крема едноставно би можела да го избрише целиот целулит од телото, но за жал тоа сè уште не е возможно. Бројните ветувачки производи генерално ја навлажнуваат само кожата, а во борбата против стриите најдобро сепак помага редовното вежбање и соодветната исхрана.

2. Спреј за тело

Не трошете пари на нешто што можете сами да го направите – бесплатно. Единствениот ефект од ваквиот спреј е тоа што овој производ нуди краткорочно освежување.

3. Лосиони за одредени делови од телото

Не ви требаат посебни лосиони за стапалата, петите и лактите … Тоа е претежно ист производ, спакуван во различни пакувања. Обичен лосион наменет за цело тело е подеднакво функционален.