Амбер Шол е ѕвезда на YouTube и Инстаграм. Оваа девојка освен што има милиони обожаватели има и хејтери. Еднаш еден од хејтерите ѝ оставил коментар: „Амбер би изгледала одлично само во ќеса за ѓубре.“ Наместо да го игнорира коментарот, или да се разочара од истиот Амбер смислила подобро решение.

Запознајте ги Амбер Шол:

Таа стана популарна благодарение на нејзините видеа каде што објаснува како да се направат различни работи.

„Кога некој ќе ве нарече ‘trashy'(изведенка од ѓубре, што значи евтин, бескорисен, безвреден), направете фустан од ќеси за ѓубре и докажете им дека се неверојатно во право.“, напишала таа на Твитер.

Ги пронашла сите неопходни работи за необичниот фустан во блиската продавница.

Освен вреќи за отпадоци, ѝ требало лента за маскирање, селотејп, лепак, црн корсет и старо здолниште.

Таа искористила некои од вреќите за декорација на корсетот.

Таа го искористила остатокот да направи „рози“.

Потоа го претворила обичното здолниште во ремек-дело!

Резултатот е навистина импресивен.