42-годишната Трејси Шепард од Есекс, Англија, на својот Фејсбук, открива како го поминува секој Божиќ, детално опишувајќи го целиот празничен ден, а нејзината приказна предизвика бурни реакции меѓу Интернет корисниците.

„На Божиќ јас правам сè. Стив е многу зафатен, работи 60 часа неделно. Не ми пречи затоа што обично не покануваме гости, само сме ние четворица, односно ние со децата. Сепак, мразам да чистам затоа што веќе сум вработена како чистачка и најискрено, преку глава ми е од работата што вклучува чистење цело време, а потоа да си отидам дома, каде повторно ме чека чистење.“ – вели Трејси.

Мајката открива дека таа ги преземала сите домашни обврски кога Стив започнал да работи како таксист, бидејќи тој во поголемиот дел од времето не бил дома долго време. Но, сега тој го променил работното место, веќе не работи како таксист, но очигледно божиќната традиција останала иста, па Трејси и понатаму целиот Божиќ го поминува чистејќи и готвејќи, додека Стив игра игри.

„Минатата година беше прва година откако Стив веќе не беше таксист. Пред тоа, тој навистина беше постојано уморен, па логично беше да јас да ги преземам обврските во свои раце. Нашиот Божиќ изгледа така што ја станувам во 5 часот наутро.

Стив обично спие до речиси 8 часот.. Потоа ги отвораме подароците, Стив ја отстранува декоративната хартија и тука завршува неговата работа, а јас понатаму продолжува мојата.

Започнувам со приготвување на класичен англиски појадок кој вклучува подготовка на колбаси, сланина, домати, грав, тост и крофни од компири. Потоа правам за нас чај и кафе, а за децата правам лимонада. Следно се мијам, се туширам, им помагам на децата да ги средат играчките. За сето тоа време, Стив цело време игра игри на неговиот Плејстејшн. Потоа започнувам со чистење на домот со правосмукалка, а потоа повторно готвам.

Празничната трпеза претежно е иста секоја година, зеленчук, печен компир, сос и печење и традиционален јокширски пудуник. Вообичаено приготвувам една мисирка и една кокошка затоа што Стив не сака мисирка. Потоа преминувам на подготовка на чоколадна торта и закуски. Звучи здодевно, но потоа повторно треба да ги измијам сите тие садови и да средам сè. Речиси цел ден не седувам, туку ги служам Стив и децата.

Сепак, не ми пречи да го правам пва на Божиќ, време е за празник, бидејќи сакам моето семејство да биде задоволно“ – вели Трејси , додавајќи дека таа обично завршува со сите обврски во 22 часот навечер.