Минатиот Декември го прослави својот 81-ви роденден, а моментално глуми во серијата Грејс и Френки, во која опфаќа бројни релевантни прашања што ги засегаат зрелите жени, при што за списанието, легендарната актерка изјави дека е горда на својата возраст.

Актерка, оскаровка, писател, продуцент, политички активист, фитнес гуру и поранешен модел, а притоа и една во милион- легендарната Џејн Фонда.

За новото мајско издание за светски познатото списанието Вог, Џејн Фонда на темата за староста и годините изјави

Ми се допаѓа што сум на врвот од ридот, така открив дека постојат многу нови пејсажи. Фан сум на возраста. Едноставно, мило ми е што доживеав да живеам толку долго.

Изданието се уште не е готово и ќе биде објавено и пуштено во продажба утре, 5-ти Април, но модното списание на своите официјални профили на социјалните мрежи објави мал дел, за да го привлече вниманието на сите, прикажувајќи ја Фонда како и секогаш, грациозна и софистицирана, шармирајќи облечена во уникатен фустан  Том Форд и чизми од Азедин Алаја.

По објавата, пристигнаа многубројни позитивни реакции и коментари од типот: Каква жена! и Неверојатна е, ја обожавам! од илјадници фанови, кои аплаудираа на нејзината убавина и талент.

Фотографиите се превземени од официјалната страница на Вог.