Недостатокот од светлина, поврзан со намалениот ден во текот на зимскиот период, претставува голем стрес за собните цвеќиња.

Топлината во домот пак го суши воздухот и сите овие фактори создаваат неповолна средина за виреење, при што процесот на фотосинтеза се забавува.

За таа цел, најдобро е да се употреби хидроген. Тој може да биде огромен помошник за заштита на цвеќињата, благодарение на неговите два елементи, односно тоа што содржи кислород и водород.

Како дејствува?

Наместо обична вода, во садот за полевање треба да го приготвите следниот раствор: За 2 литри вода неопходни ќе бидат 4 супени лажици 3% раствор на хидроген, кој може да се купи во било која аптека.

Полевањето треба да го направите внимателно, а за оваа цел може да користи шприц или сад за полевање со тесна инка.

Посакуваните резултати ќе бидат видливи уште по првата недела од третманот.