Недостатокот на светлина, сувиот возудх и повеќето фактори кои настануваат во текот на зимскиот период влијаат стресно врз домашните билки и цвеќиња, кои страдаат од т.н кислороден глад.

Со тоа се забавува нивниот процес на фотосинтеза, односно нивниот раст. За таа цел, денес ви откриваме едноставен домашен рецепт како вашите собни цвеќиња и растенија да виреат среде зима.

Домашен раствор за раскошно цветање на собните растенија во текот на зимата

Наместо со обична, во сад за полевање потребно е да го подготвите следниот раствор: За 2 литри вода неопходни ви се 4 супени лажици 3-процентен раствор на водороден пероксид (хидроген), кој е достапен во секоја аптека.

Полевањето на цвеќињата треба да биде направено многу внимателно, за што може да употребите шприц или сад со тесен отвор за наводнување, бидејќи при сад со широк отвор, растворот може да се излее повеќе од потребното и да отиде директно во корените, што не е правилно.