Речиси и да не постои човек на кого пеглањето алишта му е најомилената домашна обврска на светот, па токму за оваа цел, денес ви откриваме една многу полесна и подеднакво ефикасна алтернатива.

Станува збор за исправување на облеката со помош на домашен спреј, а во продолжение прочитајте како истиот да го приготвите уште денес.

Измазнувачки спреј за алишта

Потребни состојки

  • Шише-спреј
  • Половина литар вода
  • 2 супени лажици омекнувач за алишта
  • Половина кафена лажица вотка или спирт

Начин на подготовка и употреба

Употребете инка, за да ги излеете водата, омекнувачот и алкохолот во шишето. Откако истото ќе се наполни, добро затворете го шишето и протресете го составот внатре, за да сите состојки добро се измешаат и веќе спрејот ќе биде готов.

Едноставно напрскајте го спрејот врз стутканата облека, особено нанесете од истиот врз најкритичните делови од облеката и со рацете измазнете ја површината. Оставете го спрејот да дејствува неколку минути, а резултатот брзо ќе ве изненади.