За повеќето, бившите партнери знаат да бидат вистински кошмар, особено доколку сфатат дека погрешиле и се обидат да се вратат на нивната стара љубов.

Еве кои 3 знаци откриваат дека токму вашиот поранешен партнер се обидува да го стори истото, односно ќе посака повторно да бидете заедно:

1. Вие сте добра за него

Вие сте многу добра за него, но веќе не сте заедно. Некои мажи понекогаш едноставно не го ценат доволно тоа што имаат, а откако ќе го изгубат, ќе ја сфатат нивната грешка и ќе се обидат да се вратат назад. Прашањето е дали повторно сакате да се вратите на човекот, кој не се однесувал добро со вас.

2. Ве оставил бидејќи сакал слобода

Слободата е привлечна за секој човек, но штом истата ќе ја добие, најчесто се кае за одлуката. Доколку вашиот партнер ве оставил, бидејќи сакал да биде слободен, не се изненадувајте доколку повторно се обиде да ве врати, бидејќи слободата му станала здодевна.

3. Не ви дозволува да си заминете

Макар сте повредени, чувствувате потреба еден од друг, да бидете дел од вашите животи. Тоа е само уште еден знак дека порано или подоцна и вие и вашиот поранешен партнер ќе сфатите дека раскинувањето не било добра идеја.