Ослободувањето од токсична личност во вашиот живот често значи и бришење на заедничките фотографии. Но, една девојка наместо да ги избрише, реши на урнебесен начин да го „замени“ својот неверен партнер.

Нејзиното решение колку е едноставно, толку е и брилијантно!

„Конечно се ослободив од токсичната негативна личност во мојот живот. Кога тргнав да ги бришам нашите стари заеднички фотографии, се прашував дали постои начин барем да ги зачувам оние кадешто јас изгледам фино“- вели изневерената Даниел.

Нејзиниот партнер не само што ја изневерувал подолго време, туку и животот и го претворил во вистински пекол. Бил опседнат да ја контролира, а истовремено станал зависник од дрога.

Сега, Даниел, како што вели кончено се ослободила од него, а нашла и генијално решение за заедничките фотографии. Таа го заменила својот партнер со нешто што навистина сака- парче добро месо.

Еве ги урнебесните резултати, кои предизвикаа воодушевување и лавина позитивни коментари на социјалните мрежи