Децата живеат живот полн со надеж, природно љубопитство и голема радост. Згора на сè, тие се неверојатно мудри и чесни со своите размислувања. Токму ова го докажа и следното момче по име Мајлс.

Мајлс има другарче во училиштето и тие двајцата едноставно се неразделни. Нивните родители не се познаваа, ниту пак знаеја за нивното големо другарство, сè додека не дојде „Денот на близнакот“.

По тој повод, Мајлс инсистирал неговата мајка да му купи специфична облека, за да си одговара со неговиот близнак.

„Тој беше решителен дека двајцата навистина си личат и дека се близнаци. И така, откако Мајлс отиде на спиење, отидов во Волмарт, за да му ја купам облеката која ја бараше.“- вели неговата мајка Бритни.

Всушност Мајлс и неговото другарче Тарнер се договориле тој ден тие двајцата да бидат близнаци.

„Нивниот наставник ми ја испрати оваа фотографија денес. Моето срце се затопли. Очигледно е дека тие се две многу различни деца надворешно гледано, но Мајлс не ја гледа разликата. Зарем светот не би бил поубаво место ако сите ние можевме истиот да го гледаме преку очите на две 5-годишни деца.“- напиша Бритни на Фејсбук.

Фотографијата за многу кратко време доби 500.000 допаѓања и 268.000 споделувања.