10-годишниот Егор Зворигин, од Тјумен, Русија ги продава своите цртежи, со цел да помогне на неговата мајката да го отплати хипотекарниот долг, кој изнесува 3 милиони рубли, односно 42,000 евра.

Светлана Зворигина земала стан со хипотека во текот на 2015-та година. Како што жената објаснува, имала притосок од надлежните и затоа решила брзо да земе стан, за да им овозможи дом на своите двајца синови.

Таа работи како специјалист за програми наменети за пензискиот фонд и самостојно можела да отплаќа 30 илјади рубли, односно 437 евра. Но, откако нејзината фирма била затворена, таа се соочила со проблеми како да го отплаќа долгот со хипотеката.

Немало никој кој финансиски да помогне на самохраната мајка, бидејќи истата била разведена од таткото на децата.

„Мојот син забележал дека едноставно немаме доволно финансии за храна и за некои основни потреби. Никогаш не сум мислела дека ќе продавам работи од дома за да си купам храна, а кога започна да се продаваат сите предмети од домот, синот направи фотографии од неговите стари цртежи и ги објави на разни огласи. За секоја посака да му биде платено по 1000 рубли.“ –објаснува Светлана.

Сите 10 објавени цртежи биле продадени, а малиот Егор од цртање сега премина на продажаба на карикатури направени од Лего коцки, за кои се надева дека ќе му донесат поголема заработка.