Многу луѓе ширум светот ја практикуваат употребата на овие 3 природни домашни состојки, со кои секојдневно се среќаваме и кои се едни од најзастапените во сечија кујна.

Црниот пипер, солта и лимонот се моќно трио кое помага во медицината и понекогаш е дури и незаменлив лек.

Во продолжение следува листа на болести, поконретно здравствени состојби со кои луѓето често т.е секојдневно се среќаваат, а кои лесно може да се излекуваат со мелен црн пипер, сол и лимон:

1. Болки во грлото

Ослободете се од воспаленото грло, така што ќе измешате 1 кафена лажица свежо цеден сок од лимон, половина кафена лажица мелен црн пипер и 1 кафена лажица морска сол во чаша топла вода.

Со добиената течност, направете гаргара неколку пати во текот на денот.

2. Затнат нос

Во сад измешајте еднакво количество на црн мелен пипер, цимет, семиња од лимон и кардамон и потоа истолчете ги додека смесата не стане во форма на прав.

Потребно е добиената смеса бавно да ја вдишувате.

3. Отстранување на камење од жолчката

Иако камењето од жолчката може да се отстранат по хируршки пат, некои луѓе претпочитаат тоа да го направат на природен начин.

Подгответе смеса во сооднос 3:1:1 од масло за јадење, лимон и мелен црн пипер, за да ги растворите бубрежните камење.

4. Стоматитис

За да ја излекувате лигавицата на устата, додадете 1 супена лажица хималајска сол во чаша топла вода и исплакнете ја устата со добиениот раствор, пред секој оброк. Тоа ќе ви помогне ефикасно да ги отстраните бактериите.

5. Слабеење

Додадете ¼ супена лажица мелен црн пипер, 2 супени лажици сок од лимон и 1 супена лажица мед во чаша топла вода, доколку сакате да го забрзате вашиот метаболизам.

6. Гадење

Вашиот надразнет стомак може да биде смирен со црн пипер, додека аромата на лимонот го запира гадењето.

Измешајте 1 супена лажица свежо исцеден сок од лимон и 1 кафена лажица црн пипер во чаша топла вода. Консумирајте го напитокот бавно, додека не се почуствувате подобро.

7. Астма

Додадете 10 зрна црн пипер, 2 зрна каранфилче и 15 листа босилек во чаша топла вода.

Следно, поставете ги состојките да се варат 15 минути, потоа прецетеде и складирајте ја смесата во тегла и во ладилник.

Кога смесата ќе се излади, додаде и мед. Истата може да ја консумирате со млеко, за подобар вкус.

8. Забоболка

Измешајте половина кафена лажица мелен црн пипер и исто толкаво количество масло од каранфилче, за да ја ублажите забоболката.

Добиената смеса нанесете ја врз забот и избегнувајте да јадете слатка и зачинета храна.

9. Настинка и грип

Исцедете половина лимон во голема чаша топла вода и оставете го така да отстои 10 минути. Потоа додадете и лажица мед.

Консумирајте го природниот лек, додека не почувствувате ублажување на симптомите.

10. Крварење од носот

Потопете го врвот на памучен тампон во сок од лимон и истиот поставете го во вашата ноздра. Наведнете ја главата сосема малку кон напред, за да го спречите навлегувањето на крвта во грлото.