Денес ви претставуваме рецеп за чудесна протеинска супа, со која неверојатно брзо и ефикасно ќе се ослободите од неколкуте вишок килограми. Воедно, супата ќе ви помогне да го забрзате метаболизамот и ќе го отстрани вишокот на задржани течности.

Диетална протеинска супа

За тенџере со обем околу 2 литри

Потребни состојки

  • 150-200 гр пилешко филе
  • 1,5-1,8 литри вода
  • 1 шолја леќа
  • 1 мал морков
  • По вкус кромид, сол, мелен црн пипер и зачини

Начин на подготовка и употреба

Се препорачува претходно да ја потопите леќата, како и сите бобови растенија, но не е задолжително. Сварете го целото пилешко месо до негово омекнување. Додадете ја леќата во супата и варете 15 минути. Запржете ги изренданите моркови и ситно исечениот кромид со неколку капки маслиново масло и додадете ги кон супата.

Варете уште 5 минути и додадете зачини по ваш вкус. Слободно додадете зачини како ѓумбир, мелен црвен пипер, каранфилче, кои значително ќе ја зголемат ефикасноста на диетата.

Пасирајте ја супата до форма на пире, исечете го пилешкото на коцки и додадете го кон готовата супа. Пред сервирање, може да додадете ароматични билки. Од чудесната протеинска супа може да јадете 3 пати дневно, по 250 мл.