Овој месец во В.Британија се одбележува како месец за подигање на свеста на заболените луѓе од рак на дебелото црево. За таа цел, спроведена е кампања која ги опфаќа жртвите на оваа болест, како и луѓето кои на овој начин загубиле блиска личност.

Кампањата испраќа моќна порака за подигање на свеста со тоа што преку истата се вели дека повеќе луѓе здружени заедно можат да ја победат оваа тешка болест.

Ракот на дебелото црево или колоректален канцер претставува канцер кој се јавува на колонот и ректумот (делови на дебелото црево), симптомите вклучуват крв во столицата, промени во перисталтиката, губиток на тежина, и постојано чувство на замор. Повеќето случаи на колоректален канцер се јавуваат поради возраста и животните навики, а мал дел поради генетската предиспозиција

Преку фото-сесија, заболените или оние кои веќе ја преживеале болеста се охрабрени да не ги сокриваат своите лузни, ниту пак да чувствуваат срам од нешто за кое треба отворено да се разговара.

Еве како изгледаше овој дел од кампањата:

1. Дебора Џејмс, 37 години, новинар во Би-би-си и мајка на две деца

Еве што вели таа за оваа болест: “Ракот на дебелото црево може да се случи секому, на било која возраст, било која раса. За ракот никогаш не сте прездрави, премлади или грди. Тој ни зема половина од животот и ни ја заробува иднината.” 

2. Јамин Пател, 35 години

На Јамин ракот му бил дијагностициран во 2013-та година и по направените операции, тој е принуден да носи стома- вештачки отвор кој е наменет да поврзува дел од дигестивниот тракт со површината на стомакот.

3. Барбара Хибет, 61 година, радио водителка

Во 2014-та година и била утврдена четврта фаза од рак на дебелото црево и еве што таа има да пренесе на светот: “Ракот во превод ми значеше дека живеам пребрзо бидејќи имам премалку време. Сметам дека кога повеќе луѓе ќе се заложат заедно, можат да спречат други луѓе да умираат од оваа болест!”

4. Џема Сејвори, 34 години

Во 2014-та година и била дијагностицирана трета стаза од оваа болест, а во 2017-та ракот се проширил и на белите дробови. “Навистина мораме да живееме побрзо, бидејќи едноставно немаме многу време”-вели таа

5. Ричард Бингам, 40 години

Во 2016-та му бил дијагностициран рак во четврта стаза. “Оваа насилна болест најчесто е невидлива”– вели Ричард.

Истовремено додава дека важно е луѓето да разберат дека ракот зазема различни форми и облици за да воопшто биде рано откриен. Тој болеста ја издржува благодарение на неговата девојка, Беки.

6. Стјуарт Кок, 44 години

Ракот на дебелото црево кај Стјуарт бил дијагностициран во 2017-та година и било утврдено дека се наоѓа во четврта стаза. Тој сеуште добива лекарски третмани, воедно и за неговото ментално здравје.

7. Кејти Брус, 34 години

Во 2018-та година на Кејти и бил утврден рак на дебелото црево во четврта стаза. Симптомите не можеле да се приметат порано бидејќи Кејти била бремена со нејзиното второ дете. “Дијагнозата ми го промени целиот живот”– вели Кејти.

8. Реџиналд Бул, 84 години

Кога Реџиналд имал 53 години му бил откриен рак на дебелото црево во прва фаза. Тој успешно се изборил со болеста и веќе нема рак, но како последица на трауматичното искуство, Реџиналд страда од депресија.

Заедно со неговата сопруга Морин, вклучувајќи се во кампањата сметаат дека можат да помогнат на останатите кои моментално поминуваат низ истото.

9. Маргарет Чанг, 66 години

Маргарет ја изгубила својата ќерка Анабел во 2016-та година која била во крајна стаза од оваа болест. Анабел имала 36 години. “Само посакував да беше тука.”– вели Маргарет, која додава дека Анабел на овој начин придонесува за кампањата и знае дека ќе допре до многу животи.

10. Серафин Увимана, 49 години

Серафин во 2016-та година го загубила својот сопруг Антоан кој исто така боледувал од рак на дебелото црево. “Се што можам да посакам е луѓето што порано да отидат на доктор ако ги забележат овие симптоми”– вели Серафин за кампањата.

Серафин во истата учествува заедно со нејзината ќерка Стејси и нејзиниот внук. Заедно се фотографираат притоа држејќи портрет од нивниот сопруг, татко и дедо.