Речиси и да не постои жена што барем еднаш во нејзиниот живот не држела диета. Но пак, за некои ограничувањата во исхраната се веќе секојдневие, со цел да ја имаат фигурата од соништата.

Сепак и покрај разните режими на слабеење, истите не секогаш се успешни, бидејќи повеќето всушност го забавуваат метаболизамот и затоа губењето на вишокот килограми е отежнато.

Со цел вашата диета да биде ефикасна и да ја добиете посакуваната фигура, во продолжение ви претставуваме домашен рецепт за природен сок од 3 состојки, благодарение на кој проблемите со метаболизамот ќе бидат минато!

Природен сок за забрзување на метаболизамот

Потребни состојки

  • 2 моркови (излупени и исечени на кругови)
  • 2 кафени лажици ѓумбир
  • 500 мл свежо исцеден сок од портокал

Начин на подготовка

Во блендер, заедно измешајте ги морковите и ѓумбирот, до добивање на една соединета смеса. Потоа, кон истата додадете го и сокот од портокал и повторно добро измешајте ги сите состојки заедно.

Домашниот сок консумирајте го рано наутро, за да лесно и брзо ги добиете најдобрите посакувани резултати.