Ако имате голема диоптрија или страдате од аритмија на срцевиот мускул, задолжително треба да ја прочитате следната статија и рецептот со тинктура од глог, за која многу луѓе велат дека има позитивни ефекти.

Активните супстанции во глогот, имено проантоцијанидинот, помагаат за зајакнување на срцевата активност, како и за проширување на крвните садови, што пак од своја страна потпомага на циркулацијата на крвта. Билката нема никакви несакани ефекти. Може да се комбинира дури и со лекови. Се препорачува и за лекување на вртоглавица, а по голем број истражувања, докажано делува на намалувањето на диоптријата.

Еве како да го подготвите рецептот: Сушен глог можете да најдете во речиси секоја билна аптека, ако не можете наберете си самите. Земате стаклено шише од еден литар и наполнете го до три прста од плодовите. Додадете ракија додека не достигнете 900 ml. од волуменот на шишето (важно е да не се надополнува).

Оставете да отстои околу две недели во темнина, а потоа, почнете да пиете по една голтка на ден, не повеќе, без да ги вадите плодовите од шишето. Потоа продолжете со нова тинктура подготвена на ист начин. За глог, како билка е препорачливо да се консумира подолг период, за да можете да ги откриете целосно лековитите својства и да го добиете саканиот ефект.