Истакнатиот бугарски лекар Христо Мермерски е многу популарен и истакнат специјалист за здрава исхрана, кој е особено ценет поради неговите чудесни рецепти за здрав живот.

Токму денес ви го претставуваме неговиот најдобар рецепт за вечна младост и зајакнато здравје, кој ќе ви ја даде потребната енергија во текот на целиот ден, а ќе се чувствувате подобро од било кога!

Моќен оброк за вечна младост и совршено здравје

Потребни состојки

  • 400 гр кисело млеко
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица јаболков пектин
  • 40 гр ореви
  • Половина кафена лажица цимет
  • 30 капки прополис тинктура

Начин на подготовка

Секоја вечер, пред спиење, исипете го пектинот во киселото млеко, добро измешајте и добиената смеса складирајте ја во ладилникот во текот на ноќта, за да може пектинот да се раствори.

Следното утро додадете ги преостанатите состојки, односно исечените ореви, циметот, медот и прополисот и повторно добро измешајте ја смесата.

Кон оваа смеса слободно може да додадете и суво овошје и други видови јаткасти плодови.