Факт е дека во текот на есенскиот и зимскиот период на нашето тело му се потребни повеќе витамини, за да функционира правилно и да успее да се избори со разните настинки и вируси.

Од друга страна, токму самите ние треба да се погржиме да му обезбедиме на нашиот организам доволно количество на витамини. А за тоа не е потребно да одиме во аптека, за да трошиме богатство на сирупи и лекарства, туку наместо тоа, користејќи ги состојките кои веќе ги имаме во кујна, самите може да си подготвиме витаминска „бомба“.

Денес ви претставуваме рецепт за моќен и вкусен домашен стимулатор за зајакнување на имунитет, кој ја прочистува крвта и ја нормализира работата на срцето.

Потребни состојки

Various dried fruit for compote background
  • 300 гр ореви
  • 300 гр суви кајсии
  • 300 гр суви смокви
  • 300 гр суви сини сливи
  • 300 гр црно суво грозје
  • 2 супени лажици мед
  • 2 лимони

Начин на подготовка

Постапката за приготвување на витаминската смеса е многу едноставна: Измијте ги сувите плодови со топла вода, благо исушете ги, а потоа сомелете ги сите заедно.

Додадете мед во добиената смеса и добро измешајте ги повторно сите состојки заедно, а потоа складирајте ја во стаклена тегла.

Смесата треба да ја поставите на ладно место и се препорачува да се консумира по 1 супена лажица на ден, пред вашиот оброк.

Доколку имате проблеми со имунитетот и често се разболувате, зголемете ја дозата на 2-3 лажици дневно. Откако ќе се потроши целата смеса, потребно е да направите пауза од 1 месец.