Овој пијалок веднаш привлекува внимание со одличната комбинација на состојки што ја содржи. Според експертите, слаткото овошје комбинирано со зелениот зеленчук ефикасно го подобрува дигестивниот систем.

Со пиење на овој коктел на празен стомак наутро, значително ќе го забрзате метаболизмот, а неговиот моќен ефект трае цел ден.

Чудесниот коктел за слабеење со богат вкус се подготвува доста лесно во домашни услови. Притоа за подготовката важно е да имате блендер.

Домашен коктел за брзо слабеење

Потребни состојки:

  • 300 гр спанаќ
  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • 1/2 чаша вода

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер. По желба, на коктелот можете да додадете прстофат цимет или ѓумбир во прав, со што ќе го подобрите ефект на коктелот и ќе го збогатите неговиот свеж зачинет вкус.

Масните наслаги на стомакот и бутовите често се резултат на неправилно варење и лош метаболизам, но благодарение на овој домашен коктел, ваквиот проблем набргу ќе стане минато. Овој рецепт е совршен за брзо губење на тежината – по една недела користење на пијалокот, ќе станете повитки, а вашиот дигестивен тракт ќе започне да работи како часовник!