„Кога им велам на моите пријатели дека свекрвата ми е само 43 години, сите ми велат – блазе си ти! Имам млада свекрва, се вика Марина. Таа има само 43 години.“

Во продолжение прочитајте ја исповедта на една млада снаа, која смета дека има проблем со нејзината сопруга. Еве за што станува збор:

„Мојата свекрва стапила во брак кога била помлада, односно имала само 18 години кога го родила Раде, мојот сопруг, а 1 година подоцна, се родил и неговиот брат Адам. Таа и мојот свекор имале добар брак. Децата пораснале во среќно семејство.

Откако го завршила курсот за сметководител, веднаш по средното училиште, Марина започнала да работи во помала компанија, а денес важи за еден реномиран сметководител, вработен во помоќна компанија

Кога Раде имал 10 години, неговиот татко, за жал, загинал во ужасна сообраќајна несреќа, при што Марина останала сама со момчињата. И покрај тоа, ги научила да бидат одговорни, независни, да завршат училиште и да бидат секогаш хумани и добри.

Кога биле средно училиште, Марина ги пратила во странство да учат, а таму и двајцата добиле стипендии, при што мајка им не морала да се грижи за нив, барем не од финансиски апсект. Токму на факултет се запознавме со Раде и наскоро се венчавме.

И двајцата сме студенти на завршна година. Марина реши да ни плати за свадбата и да ни го плати медениот месец. После овие настани, разговаравме со неа само еднаш месечно, колку да одржуваме основна комуникација.

Помладиот брат на Раде живее со својата мајка, но Марина не го финансира. Таа честопати вели: „Нема да го хранам тој возрасен коњ“.

Неодамна добивме дете, ќерка. Свекрвата веднаш ни честиташе, донесе подароци во форма на пелени, производи за бебиња, храна, облека…Нè бакна сите и исчезна. Таа има свој сопствен живот. Оди на пешачење за време на викендите, вози велосипед, на скијање во зима и на море во лето.

Кога ја побараме да ја причува внуката, таа вели: „И јас своите сама ги чував“. Кога ја замолуваме да ни позајми пари за кирија, таа вели: „Снајдете се сами,  мене никој не ми помогна“.

Моите родители се пензионирани, тие едвај го преживуваат месецот. Не можам да ги прашам за пари и не можат да се грижат за детето, бидејќи се болни. Додека сме мачиме, Марина буквално цвета. Таа неодамна ни рече: „Ако сакав бебе, ќе се омажев и ќе имав едно“.

Се разбира, секогаш ни дава подароци, но тоа не е доволно. Неодамна имав силен грип и мојот сопруг со денови ме негуваше. Марина дојде и се грижеше за нејзината внука неколку дена. Штом виде дека сум подобра, веднаш рече: „Сега продолжете сами!“ и си замина!

Ете тоа е мојата свекрва.“