Овој домашен балсам за коса, приготвен од природни состојки, ќе ви стане омилен, откако за кратко време ќе ги забележите позитивните резултати од неговиот неверојатен ефект.

Домашен балсам за побрз раст на косата

Потребни состојки

  • 2 супени лажици шампон и балсам
  • 1 супена лажица јаболкова киселина
  • 1 супена лажица рицинусово масло
  • 1 жолчка

Начин на подготовка

Изматете ја жолчката во мал сад. Следно, додадете јаболковата киселина и рицинусовото масло. Потоа, додадете 2 супени лажици шампон и балсам кон смесата. Добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на густа паста.

Начин на употреба

Нанесете ја пастата на влажна коса (ефектот би бил уште поодличен доколку вашата коса е претходно измиена). По нанесувањето на домашна маска, поставете најлонска ќеса или капа за туширање и оставете ја смесата да дејствува 20 минути.

Практикувајте го овој домашен третман при секое миење на косата, во временски период од 2-3 недели.