Модриот патлиџан полнет со зеленчуци е необично јадење на кое ретко може да се одолее. Се приготвува неверојатно лесно, а неговиот вкус збогатен со кашкавал го прави уште понеодолив!

Модри патлиџани полнети со зеленчуци и кашкавал

Модриот патлиџан полнет со зеленчуци е необично јадење на кое ретко може да се одолее. Се приготвува неверојатно лесно, а неговиот вкус збогатен со кашкавал го прави уште понеодолив!
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: модри патлиџани
Порции: 4

Состојки

  • 3 модри патлиџани
  • 1 голема пиперка
  • 2-3 домати
  • 1 кромид
  • 70 гр кашкавал
  • 3 супени лажици масло за готвење
  • 3-5 страка магдонос
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Измијте ги модрите патлиџани, отстранете го стеблото иисечете ги на 2 половини. Посолете ги и оставете ги така да отстојат 30 минути.Потоа, исплакнете ја солта од патлиџаните и нежно истиснете го вишокот на вода.
  • Премачкајте ги модрите патлиџани со масло за готвење ипоставете ги во рерната да се печат 15-20 минути, на 180°C.
  • Додека патлиџаните се печат, подгответе го филот.Излушете и ситно исечете го кромидот. Измијте и исчистете ја пиперката одсемиња, а потоа исечете ја на мали коцки. Доматите полејте ги со врела вода,потоа излупете ги и ситно исечете ги.
  • Задушете ги зеленчуците на 3-5 минути, откако ќе гидодадете доматите и пиперката. Истоврмено, додадете сол и мелен црн пипер поваш вкус. Печете уште 3 минути.
  • Извадете ги модрите патлиџани од рерна и почекајте малкуда се изладат. Извадете ја нивната средина и истата додадете ја кон задушенитезеленчуци, притоа сето добро измешајте го.
  • Изрендајте го кашкавалот и исечете го магдоносот.
  • Наполнете ги модрите патлиџани со смесата од зеленчуци, аодозгора нанесете го кашкавалот и зачините. Поставите ги модрите патлиџани дасе печат 15 минути на 180°C.
  • За кратко, вкусниот пролетен специјалитет ќе биде готов!