Луѓето отсекогаш сакале да изгледаат привлечно. Уште во Антички Египет мажите и жените ставале боја околу очите за да им изгледаат поголеми, а во Античка Грција користеле маскара. Со развојот на технологијата, напредувала и модата што пак резултирало со невообичаени и опасни трендови.

Откако ќе ги погледнете овие чудни модни трендови ќе ви стане навистина мило што живеете во ова време на удобна облека.

Стуткани јаки

На господа од деветнаесеттиот век им било навистина тешко, бидејќи машката мода во тоа време била да се носат стуткани јаки. Овие тесни додатоци биле ужано неудобни и можеле да го прекинат снабдувањето со крв во каротидната артерија и да го отежнат дишењето.

Високи чевли

Овие чевли биле многу популарни во Венеција и им создале многу проблеми на нивните италијански сопственици. Првично, целта на високите чевли била да ги заштитат жените од нечистотија на улиците и да бидат симбол на висок општествен статус. Но, тие не биле многу практични. На жените им требало помош од нивните слугинки или сопрузи за да одат во нив, а некои чевли биле високи до 50 сантиметри.

Зелени фустани

Дури и најмодерните жени на осумнаесеттиот век морале да живеат без зелена облека бидејќи во тоа време немало зелен пигмент. Но, проблемот бил решен со случаен изум на Карл Вилхелм Шиле, кој се обидел да измеша бакар со арсен. Резултатот бил неверојатен: смарагдно сјајна зелена боја. Набрзо после ова сите благородници ја носеле оваа нова нијанса, но поради некоја причина, се повеќе дами облечени во зелена боја морале да одат на лекари. Во деветнаесеттиот век е откриено дека пигментот е отровен. Оттогаш, се користи само како пестицид.

Метална постава

Металните постави биле дизајниран да го држат женското здолниште. Поставата се користела за да сокрие разни телесни недостатоци, па дури и да сокрие бременост. Но овие гломазни додатоци имале и негативни страни: жените честопати не можеле да влезат во кочии, заглавувале пред вратите и дури случајно се палеле доколку биле во близина на камин.

Партали во уста

Порано сè што можеле да направат стоматолозите било да ги отстранат забите, па затоа луѓето измислиле начин да го сокријат фактот дека им фалат заби. Знаеме дека Елизабета Прва ставала партали во уста, така што никој не можел да забележи дека има проблеми со забите.

Отровни чевли

Нитробензен е опасна хемикалија што ја користеле нашите предци за да им изгледаат убаво чевлите. И покрај тоа што оваа хемикалија лесно може да предизвика сериозни здравствени проблеми, производителите продолжиле да ја произведуваат под навидум безопасни имиња, како што е „бадемово масло“ за пријатен мирис.

Големи капи со иглички

На почетокот на дваесеттиот век, жените обожавале големи капи што се прицврстувале на косата со специјални иглички. Но иглите понекогаш биле долги дури 30 сантиметри. Остриот врв на иглата можел лесно да ги изгребе другите луѓе околу нив, но многу жени ги користеле иглите за да се заштитат во случај на опасност.