Потребни состојки:

3 модри патлиџани
200 гр кравјо сирење
150 гр кашкавал
3 јајца
1 лажица лебни трошки
200 мл доматно пире
1 лук
1 лажичка црвен пипер
магдонос
масло
сол

Начин на подготовка:

Исечкајте ги модрите патлиџани на тркалца, посолете и оставате да се исцедат. Потоа малку испржете ги.

Во посебен сад изрендајте го сирењето и измешајте го со јајцата и лебните трошки.

Во тава редете – ред модар патлиџан, ред сирење, треба да се заврши со модар патлиџан.

На крај ставете го доматниот сос, претходно пропржен (10 минути) во малку масло со лук и сол.

Посипете со бибер, додадете сечкан магдонос. Завршете со рендан кашкавал.

Ставете го јадењето во загреана на 180 степени и печете околу 15-20 минути.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/fb_8796b8fe0e2b2e806fd3cc11d4bc9e69.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/fb_8796b8fe0e2b2e806fd3cc11d4bc9e69-400x214.jpgDijana IlievaВкусноПотребни состојки: 3 модри патлиџани 200 гр кравјо сирење 150 гр кашкавал 3 јајца 1 лажица лебни трошки 200 мл доматно пире 1 лук 1 лажичка црвен пипер магдонос масло сол Начин на подготовка: Исечкајте ги модрите патлиџани на тркалца, посолете и оставате да се исцедат. Потоа малку испржете ги. Во посебен сад изрендајте го сирењето и измешајте го со јајцата и лебните...Секој ден нешто свежо