Доколку обожавате пилешко месо со компири, тогаш оваа уникатна верзија ќе го освои вашето срце. Пилешкото претходно се маринира во кисело млеко, што го прави божествено меко и кревко!

Млечно пилешко месо со компири

Потребни состојки

  • 5-6 компири (околку килограм)
  • Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
  • 600 гр пилешко месо
  • 2 главици кромид
  • 1 чаша кисело млеко
  • 2 поголеми домати
  • Кашкавал

Начин на подготовка

Исечете го кромидот на полумесечини. Измијте го пилешкото месо и исечете го на парчиња. Поставете го во голем сад, заедно со кромидот. Додадете сол и мелен црн пипер по ваш вкус, а потоа додадете го и киселото млеко и добро измешајте ги сите состојки заедно. Оставете го месото да отстои во маринадата на ладно, во времетраење од 1 час.

Исечете ги компирите и распоредете ги на дното од садот за печење, кое претходно сте го премачкале со масло за јадење. Одзгора, врз компирите, додадете го пилешкото месо, заедно со маринадата и порамнете. На врвот, нанесете кругови домат.

Поставете го специјалитетот да се пече во загреана рерна на 180°C, додека да се приготват месото и компирите. Пред крај на печењето, одозгора нанесете рендан кашкавал и печете дополнителни 5-6 минути.