Жена од Северна Каролина, САД, скапо платила за одлуката да носи тесни шорцеви бидејќи токму тој избор на облека предизвикал болна бактериска инфекција на кожата, која на крајот се развила во опасна сепса, поради која лежела на инфективно одделени една недела.

25-годишната Сем сподели видео за несекојдневниот настан во кое се раскажува како носела тесни шорцеви на дневна средба со нејзиниот дечко пред три и пол години.

Бидејќи многу се забавувала, не размислувала многу на тесните шорцеви се` додека не открила испакнатина на задникот, која во наредните неколку дена станала толку болна што морала да оди во болница.

„Да не отидев во болница можев да умрам“, рече таа за, објаснувајќи дека нејзината кожа била толку оштетена што поминала неколку дена на инфективно, каде што лекарите дебатирале за операција за отстранување на тешко инфицираното ткиво.

Сем се чувствувала фантастично во 2018 година кога купила пар тесни шорцеви кои во тоа време сите ги носеле. Таа ги облекла шорцевите на состанок со нејзиното момче со кое се гледала две недели. Средбата била успешна и траела долги осум часа. Таа толку уживала во денот што не обрнала внимание дека нејзината долна облека и тесни порцеви и предизвикуваат непријатност.

Иако не обрнувала внимание на тоа за време за на состанокот, кога дошла дома вечерта, сфатила дека ја боли.

„Таа ноќ, забележав дека имам испакнатина и како што минуваше времето, таа стана поболна“, рече таа. „Болката беше изолирана на едно место и имав чувство како нешто да ме боде“.

Таа рече дека нејзиниот задник бил „болен“ неколку дена.

„По неколку дена, почнав да се чувствувам лошо и отидов на лекар. Ми дадоа антибиотици за можна инфекција на кожата“.

Но, следниот ден, таа се чувствувала „ужасно“, и била во многу болки.  Кога повторно отишла на лекар, таа дознала дека доживува септичен шок.

„Се тресев без здив, не можев да одам и имав екстремни болки во телото. Ме примија на интензивна и тогаш сфатив дека ова е посериозно од што мислев“, рече таа.

Тогаш лекарите и дијагностицирале сепса и целулитис.

Целулитот е честа бактериска инфекција на кожата, која може да биде предизвикана кога раната, предизвикана од сува и испукана кожа, е изложена на бактерии. Симптомите вклучуваат црвенило, оток и болка.

Ако не се третира на време, може да предизвика сепса, која пак може да биде опсана по живот.

Сем поминала четири дена на интензивна, а докторите и рекле дека можеби ќе треба да направат операција за отстранување на сите заразени или мртви ткива од ректумот.

За среќа, на крајот не ѝ била потребна операција, и Сем била пуштена дома.

На најзино големо изненадување дечкото со кој била на состанок тој „суден“ ден останал покрај неа и ѝ помогнал да се опорави. Парот e се` ште заедно по три и пол години.