Загрижен милионер бара начин на кој со сигурност ќе ги потврди вистинските намери на неговата свршеница, пред да стапат во брак, при што одлучи да понуди голема сума на било кој подготвен да ја тестира нејзината лојалност.

Доколку сте екстремно богати, како да бидете сигурни дека вашиот партнер е заинтересиран за вас, а не за вашата банкарска сметка?

Па, еден милионер пронајде необичен начин како да го провери тоа, ставајќи ја неговата сакана на тест- со плаќање на друг маж кој ќе ги открие нејзините вистински намери.

Со неговата сакана, милионерот е во врска повеќе од 1 година, но неговите претходни лоши искуства со жени кои биле само со него заради парите, го натерале да направи ваков необичен чекор.

Неговата загриженост пораснала откако ја запросил свршеницата, која изгледала нетрпеливо и веднаш сакала да се направи свадбата, но притоа била многу против предбрачниот договор.

За да се увери во љубовта и чесните намери на неговата партнерката, милионерот стапил во контакт со луксузната агенција HushHush.com, за да му помогнат да пронајде соодветен човек кој ќе ја заведе неговата сакана.

Односно, идејата се заснова на пронаоѓање млад и атрактивен маж, кој ќе се обиде да ја заведе свршеницата. Анонимниот милионер нуди парична награда од 16.000 евра, како и пристап до неговиот луксузен апартман, скапите автомобили и пристап до самиот буџет, бидејќи младиот маж мора да ја убеди свршеницата дека и тој е милионер.

„Концептот за разоткривање на вистинските намери на жените кои се со партнерот само за пари, не е нов, а притоа е нешто со кое често се соочуваат богатите и славни мажи. Исто така секогаш се надеваме да го пронајдеме совршениот кандидат за невообичаената улога. Нормално, никој не сака да види како неговиот клиенет се разведува од саканата, но важни се намерите“- вели Арон Харпин, основач на луксузната агенција која нуди вакви необични услуги.

Во потрагата за совршениот кандидат, Агенцијата објави дури и линк, на секој кој смета дека е соодветен за задачата, да се пријави.