Во последно време ги гледаме насекаде, сте слушнале ли за менструални чашки?

Што е менструална чашка?

Менструалната чашка е вид на производ за женска хигиена што може да се користи повеќекратно. Тоа е мала, флексибилна чашка во форма на инка, изработена од гума или силикон, која ги заменива тампоните и влошките. Чашката можат да соберат повеќе крв отколку другите методи, што наведува многу жени да ги користат како еколошка алтернатива. Во зависност од протокот, може да се носи и до 12 часа.

Доаѓа во 2 величини – за жени кои немаат родено и/или имаат под 30 години и оние кои имаат родено и/или се постари од 30 години.

Лесни чекори за користење на менструалната чашка:

  1. Темелно измијте ги рацете.
  2. Нанесете вода или лубрикант на база на вода на работ на чашката.
  3. Цврсто преклопете ја менструалната чашка на половина, држејќи ја во едната рака со работ свртен нагоре.
  4. Вметнете ја како што би направиле со тампон. Треба да седне неколку сантиметри под грлото на матката.
  5. Штом чашката е во вагината, ротирајте ја.
  6. Се отвора и го спречува протокот.

Чашката е доста поскапа, но долгорочно се заштедува затоа што можете да ја користите и до 10 години, а секако вреди да го споменеме и еколошкиот импакт кој влошките и тампоните го имаат врз околината, не само при производство, туку и одпадот кој го создаваат. Некои жени сепат тврдат дека им е непријатна мислата за користење на оваа чашка, како и дека имаат потешкотии при инсертацијата.

Кое е вашето мислење за мислите за менструалните чашки и дали дали ги користите?