Ако некогаш сте пробале да приготвите домашни мекици, тогаш најверојатно знаете дека целиот процес на месење на тестото, неговото втасување и пржење одзема многу време. Затоа пробајте го овој супер брз и лесен рецепт!

Мекици со кисело млеко од ладилникот

Ако некогаш сте пробале да приготвите домашни мекици, тогаш најверојатно знаете дека целиот процес на месење на тестото, неговото втасување и пржење одзема многу време. Затоа пробајте го овој супер брз и лесен рецепт!
Вкупно време30 минути
Оброк: Појадок
Кујна: Турска
Клучни зборови: мекици
Порции: 4

Состојки

  • 250 мл пресно млеко
  • 250 мл кисело млеко
  • 1 јајце
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 пакетче пециво
  • 2 кафени лажици сол
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 50 мл масло за готвење
  • 800 гр брашно (може и повеќе)

Начин на подготовка

  • Најдобро е тестото да се приготви претходната вечер, за да може да втаса подолго време во ладилникот. Количеството на брашното е приближно, во зависност од самото брашно и течните производи.
  • Во голем сад поставете ги сите состојки со исклучок на брашното и замесете со вилушка или маталка. Постепено додадете го брашното изамесете средно меко тесто, кое лесно ќе се лепи по рацете.
  • Премачкајте чиста најлонска ќеса со 2-3 супени лажици масло за готвење, а во истата поставете го тестото и заврзете ја ќесата, но оставете доволно место за да може тестото да се зголеми и да стане двојно поголемо.
  • Поставете го тестото со ќесата во длабок сад, а потоа складирајте го во ладилникот. Тестото ќе втаса и ќесата ќе се исполни. Следниот ден, со раце потопени во масло за готвење, кинете топчиња од тестото, формирајте ги мекиците и пржете ги во големо количество на масло, на умерена температура.
  • Тестото може да биде складирано во ладилникот до 3 дена.