Колку и да се обидуваме да се храниме здраво, постојат одредени моменти кога човек треба да им се препушти на кулинарските задоволства и да ужива, а особено нема таков што би им одлеал на следните пирошки!

Предност со ова вкусно чудо е што тие остануваат меки и следниот ден по правењето, но шансите да не се изедат до тогаш многу минимални. Еве како може да ги приготвите уште денес:

Меки пирошки

Потребни состојки

  • 3 јајца
  • Малку сол
  • Малку шеќер
  • 200 гр кисело млеко
  • 1 ќесичка пециво
  • 20 супени лажици брашно
  • Масло за готвење, потребно за пржењето

Начин на подготовка

Во сад, додадете ги јајцата, солта и шеќерот, следно и киселото млеко и добро измешајте ги состојките. Потоа доадете го и пресеаното брашно, кое потребно е претходно да биде измешано со пецивото и така замесете го мекото тесто. Кога тестото ќе престане да ви се лепи по прстите, тогаш доволно сте додале брашно.

На површина, на која претходно сте нанеле од брашното, поставете го тестото и од истото направете кора со дебелина од 0.5 цм.

Добиената кора исечете ја на во форма на триаголници, баклави, квадрати или кругови, по ваша желба и оставете ги истите да отстојат така, додека да се загрее маслото во тавата.

Налејте повеќе од маслото за готвење, бидејќи пирошките додека се пржат, во истото треба да лебдат, не да го допираат дното на садот. Загрејте на тивок оган и пржете ги пирошките додека да ја добијат потребната златна боја.

Откако истите ќе бидат готови, поставете ги на хартија, која ќе го апсорбира вишокот маснотии од тестото.

По ваша желба, пирошките во текот на подготвката, може да ги наполните и со фил.

Пријатен апетит!