Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл за Њујорк Тајмс откри дека го загуби своето второ дете. Трагедијата се случила при преселувањето на семејството во САД.

Актерката откри дека го загубила второто дете откако почувствувала силни болки, кои започнале во еден момент кога го пресоблекувала нивниот прв син, Арчи. Таа веднаш била однесена во болница, каде бил утврден спонтан абортус, а потоа лекувањето го продолжила во домашни услови.

Опишувајќи го срцепарателниот момент, актерката открива дека веднаш почувствувала дека нешто не е во ред: „Паднав на под со Арчи во моите раце, свтикувајќи се од силна болка. Започнав да му пеам песничка за да го смирам, за да не смирам и двајцата, но едноставно знаев дека нешто не е во ред. Додека силно го гушкав моето прво дете, знаев дека го загубив второто.“ – вели Меган.

Загубата на вторто дете им го скршила срцето на парот, како и на целото кралско семејство.