На вчерашниот ден, 6-ти мај, Арчи Маунтанбатон – Виндзор, синот на принцот Хари и Меган Маркл наполни точно 1 година. Роденденски честитки пристигнаа од кралското семејство, како и од самите Вилијам и Кејт.

Родителите на Арчи, наместо со класична забава, првиот роденден на нивниот син го одбележаа со слатко видео во кое Меган му чита приказна на малиот принц. Видеото е објавено на Инстаграм профилот на непрофитната организација „Спасете ги децата“, а на снимката во позадина може да се слушне смеењето на принцот Хари.