Вознемирувачки фотографии покажуваат што точно може 1 батерија да му направи на детето, доколку ја голтне- во временски период меѓу 30 минути и 4 часа.

Сара Хантстед, медицинско лице вработена во одделот за Итна помош во една австралиска болница, на својот Фејсбук профил објави фотографии од свој личен домашен експеримент при кој го покажува влијанието на батериите во форма на копче врз обични неприготвени пилешки гради.

„Погледнете колку се корозивни батериите во форма на копче. Првата фотографија е направена само 30 минути по изложеноста на месото при контактот со батериите, а втората е фотографирана по 4 часа.“- напиша Сара.

Вака влијае батеријата по четиричасовен допир врз живото месо:

Статистиките во Австралија на несреќи предизвикани од батерии, а кои ги вклучуваат децата кои ненамерно, при играњето ги голтнале се исто така застрашувачки, односно по 4 вакви случаи, на неделно редовно ниво се пријавуваат во австралиските болници.

„Најважно е да знаете како да му помогнете на вашето дете во ваков итен случај- Едноставно не ја оставајте батеријата ни минута подолго во неговиот организам, туку брзо реагирајте и направете нешто“- објаснува Сара.

Според неа, на најголем ризик се децата кои се помали од 4 години.

„Многу од батериите во форма на копче се „невидливи“ за родителите, бидејќи веќе доаѓаат како инсталиран дел со купените производи. За да ја зачувате безбедноста на вашите деца, добро побарајте низ домот и проверете кои предмети содржат такви батерии, отстранете ги и ставете ги на место, непристапно за децата.“- додава таа.

Батериите во форма на копче се особено подложни да бидат ненамерно голтнати токму поради нивната мала големина, што ги прави исклучително опасни, а фотографиите се доволен доказ што би можело да биде ако останат подолго во организамот на детето.