Речиси и да не постои некој кој не ја обожава медената торта. Следниот рецепт е наменет за 7 до 10 луѓе, при што садот е потребно да биде со дијаметар од 26 цм. Доколку ги намалите состојките на половина, доволен ќе биде и сад од 20 цм.

Медена торта со кисело млеко

Речиси и да не постои некој кој не ја обожава медената торта. Следниот рецепт е наменет за 7 до 10 луѓе, при што садот е потребно да биде со дијаметар од 26 цм. Доколку ги намалите состојките на половина, доволен ќе биде и сад од 20 цм.
Вкупно време1 час 30 минути
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: медена торта, мед, торта, кисело млеко
Порции: 10

Состојки

  • 4 шолји од по 250 мл пченично брашно
  • 6 супени лажици мед
  • 6 јајца
  • 2 шолји од по 250 мл шеќер
  • 2 шолји од по 250 мл кисело млеко или кисела павлака
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 150 гр путер
  • 1 супена лажица оцет

Начин на подготовка

  • Растопете го путерот на водена пареа. Потоа, додадете го медот и 1 шолја шеќер и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Додадете го оцетот и јајцата во тестото и повторно добро изматете ја смесата.
  • Исипете го и брашното и измешајте со миксер. Следно, испечете го паднишпанот.
  • Може да употребите силиконски сад со кружна форма. Со лажица распоредете го тестото, истото визуелно разделувајќи го на 8-10 дела. Секој пандишпан печете го 12 минути на температура од 180°C.
  • Изматете ја павлаката со 1 шолја шеќер. Со добиениот фил, премачкајте ги пандишпаните и премачкајте ја готовата торта. Доколку сакате да заштедите време, секогаш може да купите готов пандишпан од маркет.