Иако повеќето дами ги обожаваат следните модни тенденции и сметаат дека со истите изгледаат многу попривлечно, всушност претставниците на посилниот пол откриваат дека тоа воопшто не е така.

Еве кои 5 модни тенденции ги прават жените да изгледаат непривлечно, според мислењето на мажите:

1. Лажен тен

Beauty visual about suntan. Model’s face divided in two parts – tanned and blanc.

„Многу попривлечно ми е да видам жена со кожа која е бела како млеко, наместо жена чијашто кожа е покриена со лажен тен. Едноставно изгледа сосема непривлечно, верувајте ми.“ – С. Бронсон.

2. Опсесијата да се биде слаба

„Повеќето жени се опседнати со тоа да бидат слаби. Но, не постои ништо понепривлечно од тоа да се познаваат коските и една жена да биде премногу слаба. Дами, јадете, облините се многу поубави!“ – Л.Фошо

3. Кратки панталонки од кои се гледа задникот

„Во ова модно парче дури и најубавата и најпривлечната жена на светот изгледа очајно да привлече внимание на себе.“ – А.Скот

4. Вештачки нокти

„Не само вештачките нокти, но и вештачките трепки. Едноставно сето што се познава дека е неприродно на една жена изгледа многу непривлечно.“ – И.Хилман.

5. Зголемени усни

„Изгледаат неприродно и едноставно воопшто не привлекуваат да ги бакнеш. Едноставно колку и да ми се допаѓа жената, ваквите усни дефинитивно одбиваат.“