Луѓето имаат напишано море од книги и есеи за тоа како да простиме на оние кои нѐ повредиле. Но, за повеќето од нас, не е толку едноставно да се заборави, бидејќи не го сфаќаме концептот на простување во целост.

Мајката и блогерка, Мери Кетрин Бекстром имаше уникатна можност тоа да го научи од својата мала ќерка. Мери на својот Фејсбук профил сподели што се случило по мала расправија со нејзината ќерка и доби позитивни реакции од илјадници луѓе.

Во продолжение споделуваме што според мало девојче е вистинската дефиниција за простувањето, која се надеваме ќе ги инспирира сите кои моментално се лути некому, да му простат.

„Јас и ќерка ми штотуку имавме продолжено време во убедување дека е време за спиење. Конечно, пред околу 10 минути, ја одведов во кревет и со стиснати заби й реков: „Те сакам Холанд, но не сакам да слушнам ниту еден збор повеќе. Сега ќе спиеш. Доволно ми беше да се расправам околку плишени мечиња.“

„Мамо?“, застанав на половина пат до вратата, буквално гризејќи го јазикот, од тоа што бев фрустрирана. „Што е Холанд?“

„Имам само уште една работа да кажам“

Нормално дека имаше. Стоеше на креветот, со раце поставени на половина. Косата й беше разлетана и со раката се обидуваше да ги избрише солзите од лицето.

„Мамо“- рече моето 3-годишно девојче, загледана во мене, со нејзиниот мал глас…

„ТИ ПРОСТУВАМ!!!“

Потоа си легна во креветот и плачеше, а јас да бидам искрена во таа минута не знаев што да правам. Начинот на кој кажа „Ти простувам“ беше баш звучен. Отидов до нејзиниот кревет, се наведнав: „Душо, дали знаеш што значи простувањето?“

Сè уште ги бришеше солзите од перницата. „Да“- промрморе таа. Тоа мораше да го слушнам. Потоа продолжи: „Тоа значи дека ти имаше погрешено, а јас сум изморена од лутење и сега ќе спијам, но сега моето срце нема да има болка во мешето“

Токму така луѓе! Вечерва научив лекција за простување од страна на моето 3-годишно девојче. Беше и како удар во стомакот. И сосема во право сте ако мислите дека си легнав до неа, за да покажам дека ја сакам. Бидејќи да бидам искрена моето срце исто така го болеше мешето.

Ме потсети моето 3-годишно дете да не си легнувам лута и нервозна. Бидејќи доколку тоа го правиме, тогаш нашето срце има болки во мешето. И знаете што? Жива сум 35 години и морам да признаам: Таа е во право!“