Секогаш е добро во ракав да имате едноставен и испробан рецепт, кој ќе ве спаси пред ненајавените гости. Особено таков рецепт за кој не е потребен многу труд при готвењето, а да биде извонредно вкусен.

Токму ваков е рецептот кој денес ви го претставуваме. Станува збор за неодолива и притоа многу здрава торта, со која ќе ги воодушевите вашите најмили, како и вашите гости.

Здрава чоколадна торта со јаткасти плодови

Потребни состојки

  • 135 гр путер
  • 6 јајца
  • 200 гр темна чоколада
  • 200 гр ореви
  • 200 гр бадеми
  • 120 гр шеќер во прав

Начин на подготовка

Сомелете ги во блендер чоколадата, оревите или бадемите или со нож, ситно исечете ги.

Одделете ги белките од жолчките. Растопете го путерот, а потоа измешајте го со шеќерот во прав, додека да добиете кремаста смеса со светла нијанса. Една по една, додадете ги жолчките, притоа внимателно мешајте ги.

Во добиената смеса, додадете ги чоколадата и јаткастите плодови и добро измешајте.

Со миксер изматете ги белките до добивање поцврста пена, а истата додадете ја во претходната смеса, кон останатите состојки. Добро измешајте ја смесата.

Загрејте ја рерната на температура од 180°C. Покријте го садот за печење со хартија за печење или само премачкајте со масло. Додадете го тестото и поставете го да се пече 35-45 минути.

На крај, врз испечената торта додадете шеќер во прав и декорирајте по ваша желба.

Пријатен апетит!