Меланија Трамп е жена, која каде и да отиде, успева сето внимание да го насочи кон неа, привлекувајќи и заведувајќи ги погледите на сите присутни.

Првата дама на САД се одликува со неверојатна фигура, која покрај на генетиката, е голем резултат и на самите вложувања и труд на Меланија.

Денес ви откриваме како Меланија ја одржува својата форма, како и кој режим на исхрана го практикува, за да изгледа извонредно и на 50 години.

Иако нејзиниот сопруг Доналд ги претпочита хамбургерите и пржената храна, никогаш всушност нема да ја видите Меланија да консумира таков вид на храна. Таа практикува строг режим на исхрана, кој од неодамна го откри на јавноста.

Кога нема обврски да присуства на официјални вечери, на кои задолжително се јаде одреден вид на храна, Меланија во своите слободни денови ја практикува т.н челична диета, и тоа веќе неколку години. Диета, покрај затегната фигура, й овозможува на првата дама да изгледа и значително помладо за своите години.

Режим на исхрана

Секое утро Меланија станува во 6 часот и задолжително консумира природен напиток од целер, спанаќ и моркови. Бидејќи ваквиот напиток не ја држи сита долго време, подоцна таа појадува и 1 чинија овесна каша. До ручекот, Меланија консумира различни плодови или сокови од истите. Условот е само да се свежо исцедени.

За време на ручекот, првата дама си дозволува пилешко месо, салата, а честопати консумира и сендвич со месо и кисели краставички. Таа е голем љубител на тој деликатес и не може да им одолее на истите.

По ручекот, продолжува да консумира зеленчукови сокови и напитоци, а често во истите додава и малку масло за готвење- откриле нејзините асистенти. На тој начин, таа успева да му ги даде сите потребни витамини и масти на организамот, без да претерува со исхраната.

По 18 часот, Меланија веќе не консумира никаква храна. Исклучок од ова нејзино строго правило се официјалните вечери, на кои има обврска да присуствува. Но, и тогаш Меланија не претерува, туку само малку ја вкусува храната.

На сите други настани, исклучиво консумира вода и природни сокови и не консумира никаква храна.