Повеќето дами ќе се согласат дека нема ништо полошо од чувството кога ќе облечете сосема нови хулахопки и токму при облекувањето, ќе сфатите дека истите некаде се оштетени и веќе се скинале.

Есента и зимата се вистинско време за носење на ова модно парче,  сепак, хулахопките знаат премногу чесно и брзо да се кинат, уште пред воопшто да ги носите некаде. Токму за оваа цел, денес ви откриваме еден мал златен со кој значително ќе го продолжите нивниот животен век.

Златен трик за зашитата на хулхопки

Пред да ги облечете за прв пат, навлажнете ги со вода, а потоа исцедете го вишок на вода. Потоа поставете ги хулахопките во пластична кеса во замрзнувачот, по можност да отстојат таму во текот на целата ноќ. Следниот ден, сепак треба да ги оставите хулахопките да се затоплат на собна температура. Овој трик е неверојатен ефикасен токму поради самиот студ, поради кој конците на хулахопките стануваат супер еластични, а со тоја и подолготрајни.