Една мајка признала дека ја охрабрува својата ќерка да биде во врска со богати мажи и притоа, истовремено да работи како стриптизерка, а ова е нејзината причина поради која смета дека нејзините постапки се сосема разумни и оправдани.

41-годишната Џорџина Кларк гостувала во британската емизија “Досието на Кајл”, заедно со нејзината ќерка, 23-годишната Кајла, за да зборува како кога Кајла била тинејџерка, Џорџина својата ќерка ја охрабрувала да спие со богати мажи и да танцува за пари.

Двете заедно потрошиле околу 700.000 евра на пластични операции. Наводно, кога Кајла била на 11 годишна возраст веќе започнала да ја планира својата прва операција т.е вградување на силикони во градите за да можела да изгледа како нејзиниот идол, Кејти Прајс, која е јавна личност во Британија.

Водителот на емисијата, Џереми Кајл, воопшто не бил воодушевен од дуото, па ги запрашал:

“Каква мајка би дозвоила нејзината 18-годишна ќерка да спие со постари мажи, за возврат за козметички процедури?”

Мајката Џорџина започнала да се брани, велејќи дека нејзината ќерка ги обожавала своите естетски корекции, како имплантите во градите и зголемените усни, на што водителот додал:

“Ако 18-годишна ќерка спие со 50-годишен маж, за да добие пари за возврат кои ќе ги потроши на пластични операции, јас во тој случај никогаш за себе не би рекол дека сум добар родител.”– изјавил Џереми, кој постапките на Џорџина ги сметал за одвратни.

Сега Кајла е веќе возрасна девојка и зависник од пластични операции, при што изјавила дека воопшто не е задоволна од својот изглед и ќе продолжи со пластичните операции за да го измени истиот, се додека не стане комплетно среќна.